При реализацијата на објекти наш клучен аспект е да се фокусираме на клиентот и на искуството стекнато со изведба на енергетски објекти. Во фокусот на нашата компанија е навремено, квалитетно изведување на објекти од повеќе напонски нивоа согласно пропишаните стандарди и нормативи.
- столбни бетонски и челични ТС
- среднонапонски ТС до 20 kV
- високонапонски ТС до 400 kV
Поседуваме тим од инжeнерски експерти за реализација на проекти во сите фази на проектирање и изведување. Опфатени се сите сегменти согласно проектните барања и професионални услуги за подршка на широк опсег на активности :
- автоматика
- комбинирана заштита
- среднонапонска и нисконапонска опрема
- високонапонска опрема
- трансформатор и врски
- носечка конструкција
Комплетно се опфатени сите фази од монтажа на примарна и секундарна опрема при изработка на примарните и секундарните врски согласно техничките прописи и стандарди. Работите се реализираат по барање по принцип клуч на рака.