Производите се тестирани во меѓународна акредитирана лабораторија во ЕУ
- RNO 12-36
Раставувачите од типот RNO фамилијата се фабрично произведени и тестирани уреди за видливо одвојување од деловите под напон кај воздушните среднонапонски водови.
Истите се проектирани и произведени во согласност со МКС и IЕС стандарди.
Раставувачите од типот RNO ce употребуваат за обезбедување на видливо изолационо растојание кај воздушни среднонапонски водови, кога истите се во безнапонска состојба.
Како изолација се вградени силиконски изолатори. Наменети се за хоризонтална и вертикална монтажа.
Се произведуваат во следните варијанти:
12 kV | 24 kV | |
RNO 12/630-400 | RNO 24/630-400 | обичен со опруга |
RNO 12/630-400-UH | RNO 24/630-400-UH | трафо |
RNO 12/630-400-ET-VT | RNO 24/630-400-UH | со ножеви за заземјување |
- RNO 6 12-24
Раставувачите одтипот RNO б се употребуваат за обезбедување на видливо изолационо растојание кај воздушни среднонапонски водови кога истите се во безнапонска состојба.
Меѓуполното растојание кај овие раставувачи е поголемо и може да се подесува, со што е овозможено обезбедување на потребен електричен распон во распоните на водот.
Како изолација се вградени силиконски изолатори Наменети се за хоризонтална монтажа.
Номинални големини | IEC | |||
Тип |
RNO 12 RNO 6-12 |
RNO 24 RNO 6-24 |
RNO 36 | |
Номинален напон | Un(kV) | 12 | 24 | 36 |
Номинална фреквенција | (Hz) | 50-60 | ||
Номинална нормална струја | In(A) | 630 | ||
Номинална кусотрајна поднослива струја | Ith(kA) | 20 | ||
Способност на прекинување на претежно активно оптоварување | Il(A) | 26 | 10 | 10 |
Меѓуполно растојание | ||||
Тип | 12 | 24 | ||
RNO | 400 | 500 | ||
RNO 6 | 600 | 700 |
- RNO-K 12-24
Раставувачите од типот RNO-K ce произведуваат и тестираат согласно МКС и IЕС стандарди.
Истите се употребуваат за исклучување - вклучување на погонската струја и обезбедување на видливо изолационо растојание кај среднонапонските воздушни водови.
Како медиум за гасење на електричниот лак се користат комори кои работаат на принципот на гасен генератор.
Како изолација се вградени силиконски изолатори. Наменети се за хоризонтална и вертикална монтажа.