Енергетика

Капитализацијата на широкото искуство и поседување на високо специјализиран човечки тим овозможува да пружиме соодветни решенија прилагодливи спрема пазарите и стандардите во областа на енергетиката. Со нашиот посветен и комплетен тим нудиме професионални решенија и инжeнеринг услуги, со цел да се овозможи ефикасно користење на енергијата.

Обезбедуваме оптимизирани техничко-економски  решенија и реализација на сите барања за проектирање и изведба - клуч на рака на далноводи и трафостаници од сите напонски нивоа, вклучувајќи и решенија за заштита, контрола и управување. Следејќи го патот за напредок и заштита на околината, нашиот тим обезбедува реализација на проекти за користење на обновлива енергија, односно изведба на соларни централи и централи на ветер.