Монтажни бетонски БТС-6

Монтажно бетонската тарфостаница БТС-6 е проектирана како слободно стоечка на соодветна градежна парцела. Лоцирањето на трафостаницата и уредувањето на слободниот простор околу неа се врши према урбанистичките услови. Монтажните бетонски трафостаници се изработени како типски со внатрешно опслужување. Монтажата на објектот е брза. градежниот дел се завршува за еден ден. Потребни услови се: соодветна носивост на тлото и обезбеден пристап за теренско возило.
Сите елементи се меѓусебно галвански поврзани. Браваријата е од елоксиран алуминиум. Постои можност за вградување на електро опрема од сите водечки производители. Сите приклучоци се кабловски. Ладењето е со природна циркулација на воздухот.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Напонско ниво kV 12 24
Тип на трафостаница ТИП БТС-6
Номинална снага kVA 250, 400, 630, 1000
Снага на куса врска MVA 350 500
Димензии A mm 4440
B mm 2250
C mm 2950