Монтажно бетонската тарфостаница БТС-6 е проектирана како слободно стоечка на соодветна градежна парцела. Лоцирањето на трафостаницата и уредувањето на слободниот простор околу неа се врши према урбанистичките услови. Монтажните бетонски трафостаници се изработени како типски со внатрешно опслужување. Монтажата на објектот е брза. градежниот дел се завршува за еден ден. Потребни услови се: соодветна носивост на тлото и обезбеден пристап за теренско возило.
Сите елементи се меѓусебно галвански поврзани. Браваријата е од елоксиран алуминиум. Постои можност за вградување на електро опрема од сите водечки производители. Сите приклучоци се кабловски. Ладењето е со природна циркулација на воздухот.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ | ||||
Напонско ниво | kV | 12 | 24 | |
Тип на трафостаница | ТИП | БТС-6 | ||
Номинална снага | kVA | 250, 400, 630, 1000 | ||
Снага на куса врска | MVA | 350 | 500 | |
Димензии | A | mm | 4440 | |
B | mm | 2250 | ||
C | mm | 2950 |
„Ние сме она што постојано го правиме. Значи, квалитетот и извонредноста не се дела, туку навики “ - Алберт Ајнштајн и Аристотел
Инжинеринг ДАСС е основана компанија чии главни активности се изградба на далекуводи, електрични системи, осветлување, рударство и градежништво. Нашиот бизнис го карактеризира професионализам, флексибилност и квалитет. Развивме интегриран систем на услуги со цел да ги задоволиме сите потреби на клиентите преку ефикасна помош, дизајн, снабдување и инсталација. Сите работи се извршуваат по систем клуч на рака и по фази. Покрај тоа, нудиме заштита , прилагодување и ставање во функција на сите системи и градежни работи.
Преносни мрежи
Проектирање и изведба на далекуводи со подземни кабелски водови и надземни воздушни линии, до 400 кV
Електрични системи
Проектирање, производство и монтажа на електро опрема, дистрибутивни и индустриски разводни постројки
Проектирање, производство и монтажа на трафостаници до 400 кV клуч на рака
Алтернативна енергија
Проектирање и монтажа на електро опрема за ветерници
Проектирање и монтажа на електро опрема за соларни системи
Рехабилитација и ремонт
Одржување, обнова и сервисирање на трафостаници до 400 кV, далекуводи, разводни постројки и електрични инсталации
Машини за рударство, багери, транспортни траки
Инвестициони и индустриски објекти
Проектирање и изведба на електрификација на централи, патишта и тунели
Изведба на гасоводи
Изведба на електрична инфраструктура за сите типови инвестициони објекти
Градежни работи
Проектирање и изведба на сите градежни зафати кај енергетски и инвестициони објекти
Проектирање, изработка и изведување на сите видови челични конструкции
Сервисирање и одржување
Како една од водечките инжeнерски компании, во Северна Македонија, ние им помагаме на нашите клиенти ефикасно да ја користат електричната енергија и да ја зголемат индустриската продуктивност на одржлив начин односно преку иновации и напредна технологија, да остварат заштеди и да го намалат влијанието врз животната средина.
Преку унапредување и равој во доменот на изградбата на енергетски објекти, искористувањето на обновлива енергија, како и во производството на среднонапонска расклопна опрема, нашата интенција е да се обезбедат квалитетни услуги што ги надминуваат очекувањата на нашите ценети клиенти.